Жена од охридско се загубила синоќа берејќи печурки, пронајдена е утрово

Од:

Жена од селото Горно Средорече е пронајдена рано утрово по целовечерна потрага откако синоќа се загубила берејќи печурки информира Центарот за справување со кризи.

Сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле заедно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, жената не се појавила.

Во потрага по исчезнатото лице била вклучена и единицата за спасување на планина со куче обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, како и мештани од селото, и роднини жената. Потрагата траела за дел од трагачите до еден часот по полноќ, дел од мештаните и роднините останале на терен.

Утрово од 05.00 часот сите екипи излегле на терен, по што за кратко време ја пронашле жената која според информациите од ЦУК е во добра состојба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во Вардар, вклучени и армиските „Волци“

Катерина Ѓуровски

60 пожари на отворено во викендот, ЦУК апелира да не се палат стрништа

Катерина Ѓуровски