Зголемено нивото на водата во браната Глажња

Од:

Според последните мерења на Водостопанство „Кумановско –Липковско поле“, во браната Глажња има околу 13,4 милиони кубни метри вода.

Во последните недели нивото на водата зголемено е за околу 5,6 милиони кубни метри. Дневно, во браната, последниве денови се акумулираат од 300 до 400 илјади метри кубни вода.

– Оваа количина е доволна за да ги задоволи потребите за вода, на граѓаните и индустријата. Доколку продолжи поволната хидролошка состојба ќе има вода и за наводнување за земјоделците, вели директорот на Водостопанство „Кумановско –Липковско поле“, Филип Филиповски.

Од претпријатието информираат дека во меѓувреме превземни се сите мерки кои ги одобрил одборот на водокорисници,по оддржаната вонредна седница .

– Мерките опфаќаа строго конторлирање и евиденција за количините на водата. Воведовме 24 часовна контрола на точките каде се испушта водата и можам да кажам дека мерките успешно придонесоа за зголемување на количината на водата во браните, вели Филиповски.

Вкупниот капацитет на двете акумулации Липково и Глажња е 24 милиони кубни метри вода. Лани во двете акумулации имаше околу 21 милион кубни метри вода.

Би можело да ве интересира

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски