Зголемен водостојот на Брегалница и Оризарска река кај Кочани

Од:

Врнежите од дожд и топењето на снегот од Осоговијата го зголемија водостојот на Оризарска река кај Кочани и на реката Брегалница.

Според податоците добиени од Водостопанското претпријатие „Брегалница“ од Кочани, езерото Градче крај Кочани е на прелив од надојдените води на Голема и Мала река со топењето на снегот од Осоговијата. Со тоа е зголемено нивото на Кочанска река.

Надојдените води од реките и водотеците на Брегалница и Каменичка река придонеле да порасне и нивото во акумулацијата Калиманци, каде што според проценките има акумулирано околу 90 милиони метри кубни вода.

Што се однесува до состојбата на Злетовска река во општина Чешиново-Облешево, таа е ставена под контрола. Механизација изминатите неколку дена работеше на чистењето на коритото за да не дојде до нејзино излевање и поплава на населените места Лепопелци, Новоселани, Жиѓанци и Уларци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски