Зголемен интересот за вадење патни исправи во Велес

Од:

Во Одделението за управни работи при СВР Велес има евидентирано зголемен интерес на граѓаните на Велес и велешко за аплицирање за добивање или замена на патни исправи-пасош.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска изјави дека ако до пред извесно време вработените во Одделението дневно примале во просек од 20 до 25 барања за добивање или замена на патна исправа, сега таа бројка е трикратно зголемена и дневно се примаат по 60 до 70 апликации.

– Би сакале да нагласиме дека и покрај зголемената заинтересираност на граѓаните вработените тековно и без застој ги опслужуваат граѓаните кои уредно приложуваат потребна документација за добивање на пасош. Воедно изготвувањето на патните исправи е во предвидениот рок од 10 до 15 дена од денот на аплицирањето, потенцира Стојковска.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско