А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зголемен бројот на заболени од грип во Македонија

by А1он15/02/2019 - 09:38507
Share0

Во текот на изминатата недела, во Македонија се регистрирани 2.246 заболени од грип, што е заголемување за 80 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.252 заболени од грип, се наведува во извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Добивај вести на вибер

Бројот на регистрирани заболени изминатата недела е помал за 24,2 отсто споредено со истиот период минатата сезона.

Во текот на изминатата недела, регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од пет и 25 години од Скопје и Охрид кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести и КАРИЛ. Кај починатите лица утврдено е присуство на коморбидитети.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 67 материјали за тестирање на грип, од кои 35 (52,2 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 28 Influenza A(H1)pdm, два Influenza A(H3) и пет Influenza А несуптипизиран.

Најголем број заболени (1.351) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 217,7 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Пријавени се заболени лица од 27 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (427), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Ресен (489,2 на 100.000).

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 6.371.

Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор оваа недела е 52 отсто и укажува на висока активност на вирусот на грип. Во позитивните примероци, доминира вирусот на инфлуенца – Influenza A(H1)pdm, а ко-циркулира и Influenza А(H3). Оваа сезона се одликува со задоцнет старт, а се очекува одржување на висока вирусолошка активност во текот на следните недели.

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.979 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,4 отсто од вкупниот број набавени вакцини.

 

gripzgolemen broj na zaboleni

Би можело да ве интересира

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он08/01/2026 - 15:3008/01/2026 - 15:32

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

Горан Наумовски13/03/2025 - 17:24

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски27/02/2025 - 10:47

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Горан Наумовски06/02/2025 - 15:10

Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски16/01/2025 - 11:49

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он08/11/2024 - 15:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен