Зголемен бројот на поаѓања на автобусите што сообраќат до Средно Водно

Од:

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека од претстојниот викенд ќе биде зголемен бројот на поаѓања на автобуси на линијата 25, кој сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно.

„На посочената линија во ударните термини ќе возат по уште 2 автобуса за разлика од досега. Притоа, редуцирани ќе бидат термините на поаѓања на линиите 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно)“, се наведува во нивното соопштение.

Измените во возниот ред, како што посочија од ЈСП, се должат на анализите направени на ЈСП Скопје и Град Скопје, при што било утврдена преоптовареност на автобусите на линија 25, односно постои зголемен интерес на граѓаните за користење на јавниот превоз до Средно Водно од почетната станица од Транспортен центар.

Истовремено, пак, помал број на граѓани од очекуваните користеле јавен превоз до Средно Водно со линиите 25А и 25Б, со почетна станица од Автомакедонија/Стара железничка станица и од Дом на печат, велат од ЈСП.

Оттаму додаваат дека користењето на линиите 25, 25А и 25Б се бесплатни за време на викенди и државни празници.

„Одлуката ја донесе Град Скопје со цел за помасовно користење на јавниот превоз за транспорт до Водно, со дестимулација за користење автомобили, како една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Линијата 25 функционира секој ден, освен во понеделник, а 25А и 25Б сообраќаат само за време на викенди и државни празници“, велат од ЈСП.

Би можело да ве интересира

Шестмина повредени, меѓу нив и бебе во сообраќајка на Средно Водно

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај