Зголемен бројот на доктори на науки во 2017 година

Од:

Во 2017 година звање доктор на науки стекнале 209 лица, што е зголемување за 6.1 проценти во споредба со 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголем број од нив докторирале во областа на општествените науки, (47.8%), потоа на медицинските науки (22%), следуваат хуманистичките науки (11.5%), а останатите докторирале во областа на техничко-технолошките науки, природно-математичките и биотехничките науки.

Докторска дисертација лани одбраниле 123 жени, што е 58.9 отсто од вкупниот број лица што докторирале минатата година.

Од вкупниот број најголем процент (31.6%) професијата ја извршуваат во образовната дејност.

Би можело да ве интересира

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година