А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зголемен број заболени од грип, регистрирани 2.630 случаи

by А1он21/02/2013 - 14:31170
Share0

Бројот на заболени од грипот во последната недела е зголемен во однос на претходната недела за околу 200 нови случаи и регистрирани се 2.630 случаи, за разлика од претходната година кога имаше нешто повеќе од 2.400. Забележано е значително зголемување на бројот на заболени кај школската популација. Вкупниот број заболени во текот на оваа сезона со грип е околу 10.800 случаи.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го изјави доктор Благоја Алексоски од Институтот за јавно здравје, кој рече дека има и нерегистирани случаи кои не се пријавени во центрите за јавно здравје и кај матичните доктори.

– Од вкупниот број заболени најмногу се во Скопје, Тетово, Струмица, Гостивар, а во другите градови во помал број, но речиси секаде ги има, скоро во цела Република. Од возрасните групи најголем број заболени има во возрасната година од 15 до 64 години, меѓутоа, таа е голема возрасна група. Загрижува тоа што веќе имаме значително зголемување кај школската популација, а исто така имаме заболување и кај возрасната популација, посочи Алексоски.

Нагласи дека има зголемување на заболени од грип кај училишната популација, но и кај другите возрасни групи. Кај школската популација на возраст од 5 до 14 години има 2.000 заболени, од 15 до 64 години 6.500 заболени, над 64 годишна возраст околу 1.000 заболени, а до четири годишна возраст има околу 1.300 заболени.

Алексоски рече дека бројот на заболени во текот на оваа година во однос на претходната година во оваа недела е зголемен за одреден процент.

– Се покажува дека оваа сезона ќе трае се уште и дека зголемувањето на заболените од грип ќе продолжи и во текот на наредните недели со тоа што се очекува дека и во тек на месец март ќе имаме зголемен број заболени од грип.

Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје истакна дека во периодот од 11 февруари до 17 февруари се испитани вкупно 24 примерока од кои 12 биле инфлуенца А (од кои седум се H1N1), а еден 1 случај A (H3N2).

– Значи повторно доминира инфлуенца А, сезонскиот тип A (H1N1). Во текот на целиот период од појавата на грипот во текот на целата сезона имаме вкупно 159 примероци, од кои 91 се инфлуенца А (од кои 63  H1N1, а 12 H3N2) и 11 се инфлуенца Б. Педесет и седум примероци се негативни, рече Бошевска.

Таа укажа дека нивната лабораторија и оваа година веќе по седми пат добива акредитација од Светската здравствена организација, односно дека е акредитирана не само за грип туку и за дијагностика на морбили и за рубеола.

– Во нашата лабораторија ги работиме анализите секој ден, нема чекање на четири дена, во други лаборатории е точно дека има и подолго време на дијагностицирање. Она што ќе пристигне во утринските часови до 11 часот во текот на денот во лабораторијата се добива резултатот до 15 часот попладне. Од Инфективната клиника нема зголемување на бројот на примероци кои ги испраќаат, континуирано вообичаено во зависност од проценката на колегите клиничари, додаде Бошевска.

grip

Би можело да ве интересира

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

Горан Наумовски13/03/2025 - 17:24

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски27/02/2025 - 10:47

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Горан Наумовски06/02/2025 - 15:10

Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски16/01/2025 - 11:49

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он08/11/2024 - 15:46

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он21/10/2024 - 08:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен