Зендели: Очекувавме претседателот да се изјасни за комплетирањето на ДИК

Од:

Пратеникот од БЕСА, Фадил Зендели, по годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието, изјави дека се разочарани што шефот на државата не се изјаснил за потребата од комплетирање на Државната изборна комисија (ДИК), оценувајќи дека со тоа испратил порака оти изборите можат да бидат многу спорни и нелегитимни.

-Од претседателот на државата денеска очекувавме да се изјасни и по нашиот предлог за член на Државната изборна комисија. Имајќи во предвид дека можеби ќе биде еден од кандидатите за наредните претседателски избори, а ќе имаме и парламентарните избори, а со оглед дека ДИК е некомплетна, очекувавме претседателот јасно да се изјасни дека ДИК треба да се комплетира согласно Изборниот законик и тоа што ни го налага правото. Но, тој не се изјасни по ова прашање и разочарани сме што како претседател на државата за едно многу важно прашање во државата, во општеството, не се изјасни, изјави пратеникот од БЕСА, Фадил Зендели по говорот на Пендаровски.

Во оценката на говорот на Пендаровски, Зендели истакна дека имало само констатации што сите ги знаеле. Требало, како што рече, во вакви обраќања претседателот да има и насоки – во која насока работите да течат и како да се разрешуваат.

-Ги знаеме блокадите кои ги имаме од претседателот на Собранието, Талат Џафери, и тие се констатни и продолжуваат и ако оставаме таква порака, односно претседателот Пендаровски остави таква порака дека ќе одиме на избори без комплетирана ДИК, тогаш пораката е дека овие избори можат да бидат многу спорни, нелегитимни затоа што ќе имаме ДИК која не го рефлектира она што законот го пропишува и она што го очекуваат граѓаните во нашето општество, рече Зендели.

Би можело да ве интересира

Зендели: Поконкретен датум за гласање за член на ДИК 28 февруари

Здружената албанска опозиција: Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“?

Зендели: Ќе го поддржиме предлогот, ама требаше да се предложи и тргање на „20 отсто Албанци“ од Уставот

(ВИДЕО) Зендели до Османи: Прашај ги Албанците во Чаир дали се согласуваат во државјанство да им стои дека се Македонци

Наум Локоски

Втор ден „Дијалог на високо ниво“

Наум Локоски

Зендели: На сила се менуваат демократските правила

Наум Локоски