Земјотрес со магнитуда од 1,8 степени според Рихтеровата скала е почуствуван синоќа во 22 часот и 13 минути во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во Скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околината е почувствуван со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.