Зекири: Време е за одговорност на дел од функционерите на СДСМ

Од:

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот на владејачката СДСМ, Стево Пендаровски, на социјалните мрежи напиша дека ова е горчлива победа, а резултатот треба да биде поука за сите.

Тој истакна дека е дојдено време за одговорност на дел од функционерите од СДСМ како и пензионирање на голем дел од политичката елита на Албанците во државата.

-Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас. Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ, напиша Зекири на социјалните мрежи.

Вечерва и двете партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прогласија победа. Според последните резултати од ДИК, кандидатот Стево Пендаровски е во водство со 323.040 гласови пред Гордана Силјановска Давкова која од преброените гласови досега има освоено 318.535 гласа. Единствениот кандидат Албанец, поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река, освои 79.787 или 10,58 отсто од запишаните гласачи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски