Здружението на судии бара зголемување на платите

Од:

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија на денеска одржаната седница расправаше за состојбата со платите во судството, и притоа заклучи дека е потребно продолжување на активностите до целосна реализација на заложбите за нивно зголемување согласно зголемувањата на платите во јавното обвинителство.

Како што соопшти Здружението на судии, во таа насока, Управниот одбор ги поддржа досегашните напори на претседателот на Здружението со предлог тие да продолжат и да бидат насочени кон надлежните институции, особено кон Судскиот Совет на РМ и Судски Буџетски Совет.

– Управниот одбор утврди дека надлежните органи не покажале сериозен пристап кон ова прашање и барањата на судиите, па оттука остро реагира на таквото однесување и повикува на соодветен ангажман со цел исполнување на барањата на судиите засновани на релевантната законска регулатива, а заради заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција, .

Управниот одбор, се додава во соопштението, заклучи, дека е потребно натамошните активности да се насочат во правец на отворање на вистински дијалог за изнаоѓање на соодветно решение, а за таа цел овие активности да бидат водени и од ставовите и препораките на подружниците.

Би можело да ве интересира

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

Агелер: Притисоците врз судската власт мора да престанат, судиите мора да бидат ослободени

Орце Костов

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

Орце Костов

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

Орце Костов

Адеми не отиде во Судски совет: „Политички притисоци во судството има и тоа го потврдуваат и меѓународни институции“

Александар Тодески