Здружението ФРОНТ 21/42 бара стопирање на хидроенергетските проекти во Маврово

Од:

Еколошкото здружение на граѓани ФРОНТ 21/42 бара да се стопираат постапките за сите хидроенергетски проекти, особено за четирите мали хидроелектрани за кои е издадена целосната документација за нивна изградба во Националниот парк Маврово.

Александра Бујаровска од ова еколошко здружение денеска изјави дека бараат целосна заштита на Маврово и финализирање на постапката за негово репрогласување за заштитено подрачје отпочната уште од 2010 година.

– За да биде ситуацијата полоша, на оваа територија планирани се и неколку хидроенергетски проекти како Бошков мост и хидроцентралата Црн камен со амумулацијата Луково поле кои засега се суспендирани и нивните постапки за одобренија се стопирани, но од друга страна постапките за малите хидроенергетски проекти сеуште течат, истакна Бујаровска.

Станува збор за две хидроелектрани на Жировничка река, една на Јатовска река и една на Рибничка река за кои, како што посочи Бујаровска, има издадено концесија и имаат добиено одобрение за градба.

Според Бујаровска, ова е во спротивност со Конвенцијата од Берн која бара да се суспендираат сите проекти, особено хидронергетските проекти, се додека не се направи севкупна анализа за кумулативното влијание на сите овие проекти врз паркот.

Здружението, денеска, преку банер испрати порака до носителите на одлуки за спас на националниот парк Маврово. Банерот ќе биде доставен до Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот околу Мавровско езеро е нормализиран, уверува СВР Тетово, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

Катерина Ѓуровски

Огромна колона возила со часови заглавена кај Маврово

Катерина Ѓуровски

Слаб снег провејува во Пoпова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово

Горан Наумовски