А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Здружението „Борка“ стана полноправен член на „Think Pink Europe”, а Напред розово ќе прерасне во RACE FOR THE CURE,

by А1он09/06/2020 - 12:30357
Share0

Здружението „БОРКА – За секој нов ден” стана полноправен член на „Think Pink Europe”, една од најзначајните и најголемите европски организации за борба против рак на дојка. (https://www.thinkpinkeurope.org/)

Добивај вести на вибер

– Од оваа година нашата традиционална розова прошетка посветена на борба против ракот на дојка – Напред розово ќе прерасне во RACE FOR THE CURE, соопшти Здружението.

RACE FOR THE CURE е најголем настан (трка) во светот во борбата против ракот на дојка. Првата трка се одржала во 1983 година, во Далас со 800 учесници, што било неочекуван успех. Денес, еден милион луѓе учествуваат во повеќе од 140 градови низ целиот свет. Овој спортски и хуманитарен настан ги обединува луѓето погодени од карциномот на дојка и нивните семејства, пријатели и симпатизери. За време на трката оздравените го слават животот, додека учесниците ја даваат својата поддршка на најблиските. Заедно тие се сеќаваат на оние кои ја изгубиле битката со најчестиот вид карцином кај жените.

Поради пандемијата со корона вирусот „Think Pink Europe“ развива дигитална платформа со цел трката „Race for the Cure” да се одржи онлајн низ цела Европа, во соработка со сите индивидуални организации и членки. И покрај тоа што сите спортски настани се откажани, RACE FOR THE CURE ќе биде успешна дигитална приказна што ќе ни помогне да ја надминеме оваа тешка година и да понудиме решенија за иднината.

Настанот ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември оваа година. Во исто време, во различни делови на Европа, се очекува учество да земат околу 500.000 учесници. Регистрацијата на европско
ниво ќе започне на 15 јули на официјалната страна www.raceforthecure.eu. Платформата е уникатна, изработена специјално за трката и ќе биде преведена на 17 светски јазици, меѓу кои и македонскиот.

При регистрацијата, ќе може да се избере личност или мотив за учество, да се остави персонализирана порака, да се испрати слика или видео за поддршка на одредена организација (локална болница, здравствен работник, пациент), се наведува во соопштението од „Борка“

На пациентите со карцином повеќе од кога било им е потребна нашата поддршка. Според СЗО (Светската здравствена Организација) на глобално ниво во 2018 година бројот на новодијагностицирани од карцином на дојка биле два милиона 88 849 нови случаи, додека бројот на смртност бил 626. 679. Во Македонија се дијагностицираат три до четири случаи секој ден.

Здружението „Борка“ ги поканува сите граѓани, активисти, волонтери, поддржувачи и излекувани од оваа болест да се придружат и да чекорат или трчаат во нивното соседство или град во чест на оние кои се борат, како и во чест на оние кои ја изгубиле битката со карциномот на дојка и прерано не напуштиле.

Наскоро ќе бидат објавени и дополнителни информации во врска со настанот, како и со начините како да граѓаните да бидат дел од него.

borka

Би можело да ве интересира

Национална конференција „Справување со предизвиците во борбата со ракот на дојка“

А1он22/10/2021 - 21:02

Европска недела за превенција од рак на грлото на матката

Ана Ололовска21/01/2021 - 07:37

Општина Битола се вклучи во глобалната акција за борба против ракот на дојка

Ана Ололовска28/09/2020 - 11:1728/09/2020 - 11:17

Ракот на дојка не ги одминува ни мажите, в недела трка и прошетка „Race for the cure“

Ана Ололовска24/09/2020 - 14:1124/09/2020 - 14:11

„Борка“ дел од „Race for the cure“, со дигитално учество може да им се помогне на болните од рак на дојка

Ана Ололовска04/09/2020 - 14:55

Дигитална трка „Race for the cure“ за подигнување на свеста за ракот на дојка

Ана Ололовска04/09/2020 - 08:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен