Здружената албанска опозиција: Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“?

Од:

Ја нагласуваме нашата загриженост за неодамнешните случаи и случувања каде што корупцијата и конфликтот на интереси дишат слободно. Вреди да се спомене дека ние сме среќни со вакви проекти, кои требаше да почнат пред многу години, бидејќи не само што се важни за благосостојбата, туку се заслуга и потреба на граѓаните, но не можеме да молчиме кога во секој момент Артан Груби и ДУИ ја злоупотребуваат својата моќ, произведувајќи и прикривајќи нови корупциски скандали, само за да имаат корист од секоја страна, изјавија денеска од Здружената опозиција на албански политички партии.

„Во овој филм, како да не е доволен фактот што Артан Груби ја злоупотребува својата улога за да го персонализира успехот, како да не е доволен фактот што има конфликт на интереси среде проектот, со оглед на тоа што компаниите „Еуровиа“ и „Ак инвест“ се главните и најголемите донатори на ДУИ, дури и го злоупотребува присуството на амбасадорот за да прикрие вакви корупциски скандали. Народот чека одговори за ваквите случувања. Дали Артан Груби и кажал на американската амбасадорка Анџела Агелер дека го злоупотребува нејзиното присуство за да покрива нови скандали со партиски донатори на ДУИ? Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“? Колку од тие средства ќе се слеат на сметката на ДУИ, а колку во џебовите на некои клиентелисти инсталирани околу Али Ахмети? Дали Артан Груби најде начин да заработи одредба и кога ќе биде во опозиција? Зошто Артан Груби одговорноста за личните гревови ја фрла врз американско-турската компанија „Бехтел и Енка“?“ рече Фадил Зендели од Здружената опозиција на албанските политички партии.

Би можело да ве интересира

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски

Филков: Итно да се провери дали има одговорност кај судијата и обвинителот кои му одредија куќен притвор на Артан Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

Левица: Куќниот притвор на Груби прв резултат на обвинителството раководено од кадри на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски