Здравствени советувалишта во ромски средини во Делчевско

Од:

Во рамките на проектот Здравствено советувалиште во ромска средина поддржан од Фондацијата отворено општество, десетина студенти по медицина ќе вршат превентивни здравствени прегледи под надзор на искусен лекар.

На стартот на проектот, Зоран Биковски од НВО Кхам од Делчево, невладина која во соработка со НВО Ирис го реализира овој проект, истакна дека целта на проектот е да се подобри комуникацијата на идните здравствени професионалци со самата заедница.

– Користа е обострана. Од една страна здравствениот професионалец учи за навиките и ја подобрува комункацијата со самата заедница, а заедницата има шанса да го испита правото на здравје дали го остварува како што треба. На тој начин, самата се грижи за своето здравје и стекнува навики да го унапредува здравјето, рече Биковски.

Студентот на Факултетот за медицина при Универизтетот во Штип, Даниел Трајановски, истакна дека ова е добредојдено искуство за работата со пациенти.

– Овде даваме здравствени совети.Освен што мериме крвен притисок и шеќер во крвта, ги информираме лицата за превентивните мерки за заштита од болести, како да ја применуваат терапијата. Сето ова го правиме под надзор на искусен лекар, рече Трајановски.

Проектот ќе се спроведува 8 месеци, а здравствено советувалиште освен во Делчево ќе има и во пехчевското село Црник.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он