Здравко Савевски од Левица на средба со граѓани од Битола

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници во Петтата изборна единица од партијата Левица, Здравко Савевски, денеска на средба со граѓаните во Битола истакна дека доколку ја добие поддршката, ќе се залага да се укине собирањето пари при полагање за возачка дозвола.

Според Савевски, државата зема многу пари од авто-школите на сметка на граѓаните кои полагаат за возачка.

– Левица е на страната на обесправените, а дел од граѓаните и сопственици на авто-школи побараа олеснување на нивната работа бидејќи во Македонија има само осум испитни центри и монополизација на бизнисот. Тоа создава зголемување на цените за возачка дозвола и притоа посебно се оштетени граѓаните на Битола кои во недостиг на полигон мора да патуваат во Ресен и Прилеп, рече Савевски.

Посочи дека е недозволиво во Битола да нема сообраќаен полигон и, како што рече, нелогично е полагањето за возачка дозвола да се снима од камера со што се крши правото на приватност на кандидатите.

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?