Завршува учебната година

Од:

Денеска завршува учебната година за 291.191 ученик во основните и средните училишта во Македонија.

Сепак, поради лошите временски услови и губењето часови во зимскиот период, од Министерството за образование и наука информираат дека и утре часови ќе имаат ученците од Крушево, Дебар, Кривогаштани, Чучер Сандево, Зелениково и Новаци, Студеничани, како и учениците во селото Обедник во Демир Хисар.

За еден ден крајот на учебната 2011/2012 ќе биде одложен и во училиштата во неколку села во Крива Паланка, Прилеп и во Маврово и Ростуша, како и во Добри Дол, општина Сопиште.

До 15-ти јуни настава ќе имаат учениците во селото Дражилово, а еден ден порано наставата ќе заврши во велешкото село Иванковци.За учениците од подрачното основно училиште во Подмол, општина Прилеп учебната година завршува на 13 јуни.

Во учебната 2012-2013 година треба да се запишат 26.657 деца. Во оваа бројка влегуваат децата родени во 2006 година и јануари 2007 година.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on