Завршна церемонијата за апсолвентите на ДУТ

Од:

Министерот за образование и наукар Абдилаќим Адеми денеска присуствуваше на церемонијата по повод завршување на студиите на студентите од завршните години на Државниот Универзитет во Тетово, соопшти МОН.

Адеми пред студентите истакна дека бројот 1446 апсолвенти, говори дека ДУТ е меѓу најуспешните универзитети во Република Македонија.

– Пред Вас е нов период од животот. Со земањето на дипломата в раце, Вие ќе добиете можност да го работите она што го сакате, она за што сте се определиле да биде ваша животна професија при запишувањто на ДУТ. Јас сум убеден дека благодарение на професионалните вештини кои ги поседувате, брзо ќе се вработите. Дел од вас ќе го продолжат своето образование на втор и на трет циклус на студии. Меѓу нив се можеби идните професори кои ќе ја продолжат успешната традиција на сегашниот наставен кадар од овој Универзитет, или пак ќе предаваат на некои од најреномир аните универзитети во светот, рече Адеми.

Адеми им се обрати и на професорите заблагодарувајќи им се што образуваат квалитетни студенти кои се развиваат во позитивни личности кои размислуваат со своја глава и кои се креатори на својата иднина, се вели во соопштението од МОН.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март