Заврши тендерот за проширување на пробиштипската Филтер станица

Од:

Заврши тендерската постапка за избор на фирма за проширување на капацитетот на пробиштипската Филтер станица.

Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов информира дека во наредните 20 дена тече жалбената постапка за фирмите кои учествувале во тендерот. Овој капитален проект чини 1.200.000 евра, а се реализира со донација од Словенија и од буџетот на Владата на Македонија.

– Со проширувањето Филтер станицата го зголемува капацитетот, односно од 75 на 100 литри на секунда. Но, во функција ја ставаме и старата пумпна станица во село Ратавица, со што ќе имаме и можност да обезбедиме и техничка вода за приватниот сектор, што ќе биде големо олеснување, бидејќи знаете дека цената по метар кубен за правните субјекти е 45 денари, вели Анастасов.

Овој проект треба да се реализира до јануари 2019 година, со што Пробиштип на долг рок го решава водоснабдувањето на домаќинствата, но и за приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он