Заврши шестата фаза од реставрацијата на црквата „Свети Никола“ во Косел

Од:

Комплетирана е шестата фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во Охридското село Косел, со поддршка од Министерството за култура.

Во изминатите фази извршена е конзервација на архитектурата на овој сакрален објект, а етапно се работеше и на конзервацијата на вредниот фрескоживопис, соопшти ресорното Министерство.

Црквата која  беше целосно распадната и за која постоеше опасност од уривање, е статички зајакната, направено е целосно препокривање, фугирање на отпадните делови, расчистен е околниот простор, а старите  врати на западната и на јужната фасада се заменети со нови, изработени од храстов материјал и соодветно декорирани. Во внатрешноста на црквата, пак, годинава се работеше на конзервацијата на оштетените фрески, особено на источниот ѕид од олтарскиот простор. Конзервацијата на фрескоживописот продолжува и наредната година.

Црквата „Свети Никола“, која е значаен споменик на културата, датира од 15 век и има специфична архитектура со мали димензии и со својот облик е сродна на повеќе еднокорабни цркви од околината на Охрид. Токму поради вредноста на нејзината архитектура и на нејзиниот фрескоживопис, според Министерството, таа е особено интересна за посетителите.

Би можело да ве интересира

Арамии провалиле во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ и го ископале подот

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале