Заврши реконструкцијата на тоалетите во ООУ „Гоце Делчев“ Васиелво

Од:

Заврши реконструкцијата на санитарниот јазол и тоалетите во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, финансирана од општината, Меѓународниот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и компанијата „Сокотаб“. Реконструкцијата опфати целосна електрична и водоводна инсталација, поставување врати, нов покрив, санитарии, молерофарбарски и плочкарски услуги. Буџетот на проектот е 1.100.000 денари.

– Задоволни сме што успеавме за еден месец да завршат комплетните градежни работи. Сметам дека на вистинско место ги употребивме парите за да го комплетираме овој заеднички проект, рече Димче Митрески од МЦМС.

Од „Сокотаб“ велат дека ќе останат во руралните средини каде што се и нивните кооперанти, тутунопроизводителите.

– Најважно е што ние сме присутни и помагаме во реоните каде што се нашите тутунопроизводители. Во соработка со градоначалникот помагаме на вакви школи каде што има потреба и резулатите се извонредни. Ние не се ограничуваме туку бараме нови можности каде што може да помогнеме за подобар квалитет на живот, рече Џовано Беги од „Сокотаб“.

Градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов вели дека со реконструикцијата на санитарниот јазол решиле повеќедецениски проблем.

– Ние имаме долгогодишна заедничка соработка. Денес решивме еден долгогодишен проблем. Континуирано работиме на подобрување на условите во образованието преку низа проекти, истакна Стојанов.

Ако се има предвид досегашната повеќегодишна соработка на општина Василево со МЦМС, овој проект е само продолжување на успешната приказна во која се вбројуваат оградувањето на дворот на училиштето во Нова Маала, реконструкцијата на училиштето во село Ангелци, реконструкцијата на училиштето во село Радичево како и поставувањето на системот за парно греење во истото училиштето, велат локалните власти.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето