Заврши Летната школа на ФЕИТ

Од:

Околу 60 посетители од кои дел средношколци беа дел од летната школа „EMBEDED: Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“ што се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии од 19. до 23-ти овој месец.

Сите посетители на Летната школа, претпладне, слушаа предавања на ФЕИТ, а попладне работеа практично: две групи во Лабораторијата за електроника на ФЕИТ, а една група во Едукативниот центар на СЕАВУС – СЕДЦ. Предавачи на Школата беа професори и соработници на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Електронскиот факултет во Ниш, Србија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, од Машинскиот Факултет Скопје и специјалисти во областа од компанијата СЕАВУС. Во практичниот дел на учесниците им помагаа студенти од завршата година на програмата Компјутерско Хардверско Инженерство и Електроника (КХИЕ) на ФЕИТ.

– Во 2011 година се одржа првата ваква Школа на ФЕИТ која привлече најголемо внимание од студентите во однос на сите останати партнерски факултети во проектот. Тоа беше силен мотив школата да се одржи и наредната година, иако проектот веќе заврши. Оттогаш, бројот на пријавени кандидати постојано расте: од дваесетина првата година – до преку седумдесет годинава. Дополнително, би го истакнал интересот на средношколците за посета на Школата. За таа цел постои т.н. „почетна“ група каде што учествуваат (доминантно) студенти од првите две години на студии, но и средношколци кои планираат да студираат на ФЕИТ, изјави професор д-р Јосиф Ќосев.

Летната школа се одржува во седмицата веднаш по завршување на јунската сесија, а ја организира Институтот за електроника при ФЕИТ во соработка со СЕАВУС. Опремата за две од групите на Школата ја подготви Институтот за електроника, додека една од групите работи со опрема донирана од компанијата Логинг електроникс – Скопје.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март