Затвореник починал во ГОБ „8 Септември“

Од:

Откако му се слошило в затвор, 54-годишен скопјанец бил пренесен во болница, каде што починал, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал В.Н., осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна, лекар констатирал смрт, се појаснува во соопштението на МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода