Затвореник од „Идризово“ со пиштол му се заканувал на познаник

Од:

Во скопската полиција вчера било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар настанала вербална расправија помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51) двајцата од Скопје.

При расправијата Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент извршил и оштетување на патничко возило „голф“ сопственост на Х.В.

Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа „Идризово“, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом.

По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа „Идризово“. По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Би можело да ве интересира

Затвореник со стаклена чаша нападна и повреди затворски полицаец

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски