Затвореник од „Идризово“ скршил стакло, се повредил, но починал на пат кон болница

Од:

Во СВР Скопје вчера од Казнено поправната установа „Идризово“ во Скопје било пријавено дека околу 12 часот во установата, во просторија за посети, нивниот осуденик Д.Ф.(35) од Скопје искршил стакло и се повредил, по што почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал.

Од страна на лекар констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ му се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Горан Наумовски

Уапсен бегалец од „Идризово“, имал големо криминално минато

„Петтото“ одделение во КПУ „Идризово“ ќе обезбеди 100 нови места за затвореници

КПУ Идризово доби реновирано „петто“ одделение