Затвореник од „Идризово“ скршил стакло, се повредил, но починал на пат кон болница

Од:

Во СВР Скопје вчера од Казнено поправната установа „Идризово“ во Скопје било пријавено дека околу 12 часот во установата, во просторија за посети, нивниот осуденик Д.Ф.(35) од Скопје искршил стакло и се повредил, по што почнал обилно да крвари, а на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал.

Од страна на лекар констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Продолжува кризната состојба за К.П.Д. „Идризово“

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Пандов: Судница во Идризово е правена по европски стандарди, заслужува почесто да биде користена

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Почина осуденик од затворот „Идризово“