Затвореник добил слободни денови, ограбил човек на улица

Од:

“31-годишен човек од Охрид доби кривична пријава за разбојништво бидејќи ограбил 20-годишник на улица. Кражбата ја извршил додека користел слободни денови од затворот во Струга.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот на 26.02.2023 на ул.„Гоце Делчев“, за време на користење слободни денови од казнено-поправната установа Затвор Теферич – Струга, со закана и употреба на сила од М.Е.(20) одзел пари, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода