Сендвичарницата која вчера предизвика труење од гиро на шест ученици и двајца возарсни е затворена од санитарниот и здравствениот инспекторат. Како што информира епидемиологот Надица Ефтимовска, првичните индиции за причинител на труењето со храна е стафилококна бактерија.
– Изврешен е епидемиолошки надзор на сендвичарницата „Кинг“ во Делчево во врска со труење со храна токсоинфекција. Земени се мостри од храна и брисеви од објектот кои се испратeни на микробилогија во Штип, а објектот е привремено затворен. Најверојанто се работи за стафилококно труење, рече Евтимова.
Хоспитализираните во Клиничката болница во Штип се во стабилна состојба, а дел од нив веќе денеска ќе бидат пуштени дома.