Затворен за сообраќај автопатот од наплатна Миладиновци до клучка Бунарџик во двата правци

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево, затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец.

Од МВР апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.

Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикани се пожари.

Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта.

Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели дека поради временските услови не може да се користат ер-тракторите и хеликоптерите.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија