Заштитени платановите стебла во Мородвис

Од:

Општина Зрновци во соработка со Здружението на граѓани „Движење за одржлив развој“ од Кочани го заврши проектот за заштита и промоција на платановите стебла во село Мородвис, стари над 500 години.

– Овој проект  го реализиравме една година  во неколку фази, во кои беше изготвен елаборат по кој од Министерството за животна средина и просторно планирање беше добиено решение со кое дрвјата повторно се прогласени за природна реткост согласно Законот за заштита на природата. Потоа се  пристапи кон  реставрација на 7.  платанови стебла кои се прогласени за природна реткост, изјави градоначалник на општина Зрновци Блаже Станков.

При самата реставрација, рече Станков, се постави  заштитна ограда од природен материјал, клупи за седење.

Проектот,истакна Станков го реализиравме со финансиска помош од Швајцарската конфедерација преку  Програмата за зачувување на природата во Република Македонија за што се инвестирани 650 илјади  денари.

Во рамки на проектот за заштита на платановите стебла во Мородвис се изготвени флаери и пропаганден материјал за нивното значење, а поставени се и информативни табли со детален опис за карактеристиките на дрвјата.

Останува  за реализација втората фаза од заштитата на платановите стебла во Мородвис, а тоа е конзервација на истите кое треба да се реализира под стручен надзор на екипи од Заводот за заштита на природните реткости, изјави Станков.

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

Ана Ололовска

Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар

Ана Ололовска