Заштита чекаат три локалитети во Делечво

Од:

Решение за заштита како природна реткост од Министерството за животна средина и просторно планирање чекаат три локалитети во Делчево, Стамер, кое е познато палеонтолошко наоѓалиште на пикерминска фауна, карактеристичниот геолошки профил кај Звегор и Киселичката пештера.

Според Тони Стоименовски од ЛЕР – Делчево, прогласувањето на овие три локалитети за природна реткост ќе придонесе за заштита на значајните локалитети, но и нивно ставање во функција на туризмот што е приоритетна цел.

– Природната реткост „Карактеристичен геолошки профил во Ѕвегор“ се наоѓа на околу 0,5 до еден километар северно од селото Звегор, а карактеристичниот геолошки профил, како во регионална смисла, така и во локални рамки, е интересен пример за развојот на делчевско-беровскиот тектонски ров, генезата на среднотријаските маси, односно нивната специфична положба во однос на помладите творевини. Со валоризирањето ќе се придонесе за научно-истражувачки и едукативни цели во контекст на редефинирање на геоеволутивните процеси во тој дел на српско-македонската маса, како типична манифестација, односно продукт на регионалните влијанија и состојби, рече Стоименовски.

Киселичка Пештера, дополни, иако релативно мала, претставува ретка регистрирана појава во источниот дел од Македонија, во Краиштидната тектонска зона, каде досега е регистрирана уште само Коњска Дупка. Киселичка Пештера е значајна и по нејзината појава во мал тектонски блок од тријаски варовници, чија разместеност е многу мала во источниот дел на Македонија.

Стамер има површина од 25,6 хектари, а на палеонтолошкото наоѓалиште се пронајдени значајни фосилни остатоци од пикерминската фауна и има, пред се, научно значење (еволуциско, палеонтолошко и геолошко), но претставува и природно национално богатство (фосили и минерали).

Постапката за заштита е во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) координиран од HelvetasSwissIntercooperation и Фармахем, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион.

Општина Делчево изработи три елаборати за валоризација на природната реткост.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево