Започнуваат градежните работи на улицата „Илинденска“ во Делчево

Од:

Во понеделник во Делчево се очекува да започнат градежните работи за изградба ул „Илинденска“ со потпорен ѕид и ограда. За непречено и безбедно одвивање на работите и за да не се предизвикаат штети по имотот на граѓаните, надлежните ги известуваат жителите да ги отстранат паркираните возила и другите предмети од улицата. Градежните работи треба да завршат за еден месец, а изведувач на работите е делчевската фирма „СД Транс“.

– Согласно со проектот, предвидена е изградба на улицата во должина од околу 300 метри, и ширина од три метри, како и поплочување со бехатон плочи, рабници во должина од 200 метри од двете страни на улицата, а потпорниот ѕид ќе биде со 40 метри должина и четири метри висина. На овој дел е превидено да се постави и ограда во должина од 40 метри, како и три канделабри, посочуваат од општината.

Проектот за изградба на улица „Илинденска“ ќе се реализира со средства обезбедени од Владата на РМ за 2018 година за поддршка и имплементација на Декадата и Стратегијата на Ромите во висина од околу 1,7 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево