Започнува учебната година

Од:

Учениците утре ја почнуваат новата 2012/2013 учебна година. Во основните училишта настава ќе следат околу 200.000 ученици, од кои првачиња се 20.700.

Според резултатите од двата уписни рока во јавните средни училишта, во прва година се запишале 20.049 ученици. Од нив 7.732 во гимназиско образование, 11.776 во стручно образование, 292 ученика во уметничко образование и 249 ученици во спортска гимназија во Скопје.

На првиот училишен ден министерот за образование Панче Кралев и скопскиот градоначалник Коце Трајановски ќе ја посетат гимназијата „Орце Николов“, а потоа Кралев ќе го посети и основното „Коле Неделковски“, во придружба со градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Заменик-министерот за образование и наука Сафет Незири, пак, утре ќе присуствува на отворање на новоизграденото училиште „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ во тетовско Џепчиште.

Во Македонија има 457 училишта, од кои 358 се основни и 99 се јавни средни училишта.

 

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on