И вечерва протести во центарот на главниот град, се протестира во знак на поддршка пред седиштето на СЈО.
Повикот се рашири на социјалните мрежи, од групата #Протестирам, а се приклучија и членовите од Студентскиот пленум.
Граѓаните бараат оставка на Ѓорге Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на распишувањето на парламентарни избори.