Започна уредувањето на улиците во велешко Чалошево

Од:

Во населеното место Чалошево во реонот на oпштина Велес, денеска започна реализацијата на проектот „Реконструкција на улици“, а во тек се подготвителните активности за асфалтирање.

Како што информира за медиумите градоначалникот Славчо Чадиев, кој со својот тим денеска направи увид на терен, проектот предвидува реконструкција на основна траса, пристапен пат и еден крак. Вкупната должина која ќе биде асфалтирана изнесува 1.062 метри.

Воедно појасни дека по должината на улиците кои се предмет на овој проект се наоѓаат индивидуални станбени куќи, викенд куќи, основно училиште со настава до петто одделение, преработувачки погон за земјоделски производи.

– Директни корисници од овој проект ќе бидат околу 300 жители на селото од 75 домаќинства. За реализација на градежните активности ќе бидат инвестирани околу шест милиони денари, средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка, информира Чадиев.

Tој најави целосна реконструкција на улиците и во населеното место Мамутчево.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите