Запленети стотици килограми апетисани со сомнително потекло и без декларација

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени небезбедна храна од непознато потекло во возило на подрачјето на Чучер-Сандево.

Како што денеска информираат оттаму, по добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, спроведен е вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.

– Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите, велат од АХВ.

На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство шест години добивал плата, а не доаѓал на работа

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Агенцијата за храна ги контролира новогодишните пактчиња

Катерина Ѓуровски

Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница

Спорните коцки за супа на „Подравка“ не биле пуштен во продажба