Запленети речиси 2000 брендирани парчиња со потписот на Луи Витон, Диор и Мајкл Корс

Од:

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. Пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети.

Царинската управа има значајна улога во заштита на правото од интелектуална сопственост и спречување нелегална трговија со фалсификувани производи и оттаму во континуитет презема мерки за спречување на ваквите криминални појави.

Би можело да ве интересира

Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Опрема за рударење криптовалти, стоматолошки столици, канаринци – што се заплениле царинците во една седмица

Катерина Ѓуровски

Се криумчарат и импланти за гради

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Катерина Ѓуровски

На скопскиот Аеродром запленети Ајфони вредни 1,8 милиони денари