Запленети околу 7.000 парчиња пиротехнички средства во Битола

Од:

Полицијата извести дека го уапсила З.Т.(60) од Битола. Врз основа на наредба од Основниот суд во Битола бил извршен претрес во дом и помошна просторија во Битола, сопственост на З.Т. при што се пронајдени 4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.

Претходно, на 22.12.2023 во 20.30 часот на улицата „Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило „поло” сопственост на З.Т. се пронајдени 2.713 парчиња различни пиротехнички средства.

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Германија: На новогодишната ноќ 18-годишен Хрват загина од експлозија на петарда

А1он

Запленети 21524 пиротехнички средства на Бит Пазар, приведено едно лице

На Бит-пазар запленети над 2.600 пиротехнички средства, приведен 35-годишник што ги продавал

Во Тетово запленети над 2.500 парчиња пиротехнички средства, приведени две лица

Во Тетово одземени над 3000 петарди и друга пиротехника

Орце Костов

„Лајка“ со апел: Стоп за петардите и пиротехничките средства, подадете храна на бездомните животни