Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, в петок ќе даваат 10 проценти попуст

Од:

Занаетчиската комора го поддржува најавениот бојкот на маркетите и повикува граѓаните да направат поправеден избор и да пазарат кај малите занаетчии, информираа денеска од ЗКРСМ.

– Целосно го поддржуваме бојкотот на маркетите, меѓутоа апелираме до граѓаните секогаш кога ќе имаат можност да купат леб, други прехранбени продукти во занаетчиските пекари, други дуќани за да се поддржи локалното производство. Воедно, апелиравме и до занаетчиите да ги намалат цените на своите продукти, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

Од ЗКРСМ велат дека цените кај малите бизниси и занаетчиите се пониски и подостапни за сите. Во петок цените кај занаетчиите ќе бидат за десет проценти пониски за купувачите.

– Ова е мал, но важен чекор за да покажеме дека локалната економија може да ги поддржи граѓаните со поправедни цени и подобар квалитет. Апелирам секогаш кога се во можност, не само за време на бојкотот, туку секогаш, купувачите да избираат продукт кај малите занаетчии, повика Фазлији.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ставовите на Славески се лични, го поддржуваме бојкотот на маркетите

Катерина Ѓуровски

Министерот за економија ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите

Спасовски: Заради пропусти на власта Пазарниот инспекторат не може да ги казнува маркетите

Катерина Ѓуровски

Напад на државата и граѓаните е неодговорното богатење на трговците преку енормните цени вели Мицкоски

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Новогодишен базар во ГТЦ