Замир Мехмети: До премиерот фашист – враќање назад нема, се додека не си заминеш од политичката сцена

Од:

Замир Мехмети, поранешен член на СРД и граѓански активист, на својот Фејсбук профил напиша:

Денес граѓанското движење „Протестирам” се враќа на улица и продолжува со протестите против овој фашистички режим, за правда и за слобода. Во оваа насока, би сакал да истакнам неколку моменти. Денеска се навршуваат четири години од убиството на Мартин Нешкоски и грозоморниот обид да се прикрие убиството од страна на овој режим, во кое име семејството повикува на протести за ова веќе никогаш да не се повтори, а правдата конечно да биде обелоденета.

Исто така, и покрај тоа што се докажа нивната невиност, осудените во случајот „Сопот“ и понатаму се држат во затвор. Во меѓувреме, многу други Албанци се осудени и лежат во затвор во политички монтирани процеси. Сакам да апелирам до албанската младина денеска и утре масовно да ги поддржат протестите и да го кренеме сите заедно гласот и да им кажеме НЕ на сите тие што ни ја узурпирале државата, да им кажеме НЕ на сите тие што сакаат да не поделат по секој основ и да му пратиме силна порака на премиерот фашист – дека враќање назад нема, се додека тој не си замине од политичката сцена.

Ве молам, не потпаѓајте под влијание на некои партиски војници кои се обидуваат да пласираат идиотски тези дека наводно овие протести се политички мотивирани или дека зад нив стои некоја политичка партија. Јас, лично ги поддржав протестите и протестирав секој ден од 5-ти мај и најодговорно тврдам дека сите протести организирани од „Протестирам“ беа над партиски, на крајот на краиштата, тоа ме натера да бидам дел од нив.

Мислам дека е крајно време и ние како младина да го кренеме гласот против сите неправди што ни се случуват и да не се правиме индиферентни дека нас не нé интересира што се случува во оваа држава, ова е заедничка земја на сите нас и затоа сите заедно мора да се бориме за неа, без разлика на етничката, верската, сексуалната или било каква друга припадност. Граѓанска одговорност на секој од нас е да се избориме за нашата иднина, затоа се гледаме утре сите заедно сплотени како никогаш до сега, во 18 часот на Булеварот „Климент Охридски“.

Утре, секој од нас може да биде Мартин Нешкоски!

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ