(ВИДЕО) Захариева: Не се раскинати врските меѓу Скопје и Белград

Од:

Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија, рече Захариева за БТВ.

Според неа, ваквите постапки се доказ за приближувањето кон Србија.

Овој коментар на Захариева, како што пренесува БГНЕС, следува по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека наставата по српски јазик ќе биде вратена во основните училишта во РС Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски