Заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка

Од:

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на Единствениот број за итни случаи 112 добиле пријави од заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка.

ЦУК посочуваат дека денеска во 13:05 часот добиле известување од службени лица на Територијалната противпожарна едница од Гостивар за заглавено службено возило меѓу хотелот „Радика“ и Бунец и дека со нив се и околу 20 други возила заглавени од рано утрото. Во моментов се чека поголема машина-фреза од „Македонија пат“ за расчистување на снегот.

– Службените лица бараат интервенција од „Македонија пат“ со механизација за чистење на патот, како и од Полицијата да ги застанат возилата за да се избегне дополнителна гужва, пренесуваат од ЦУК.

Од ЦУК соопштуваат дека на Единствениот број за итни случаи 112 во 13:30 часот добиле пријава и за блокирани возила пред влезот на Попова Шапка на раскрсницата до викендичките.

– РЦУК Тетово известува дека контактирале со ПС Попова Шапка, пријавителот и „Македонија пат“. Истите известиле дека блокираните возила на Попова Шапка не се како резултат на неисчистени коловози туку се работи за несовесни граѓани кои со летни гуми се упатиле на Попова Шапка. Патот е прооден, моментално две возила го чистат истиот. Проблемите се настанати од луѓето. Возилата со зимски гуми без никакви проблеми се движат по патот. Патрола од ПС Попова Шапка е на местото на настанот. Според дежурниот во ПС Попова Шапка во наредниот период може да се јават и други пријавувачи за истиот проблем бидејќи како ќе одминува времето поголем број на луѓе ќе почнат да се симнуваат од Шапка кон Тетово и да се создаваат поголеми колони од возила, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

„Македонија пат“: Проодни се сите патни правци во државата

Горан Наумовски