„Заглавен сум, а татко ми не дише“: Возило излетало кај Дреново, а осумгодишното дете и покрај повредите успеало да се јави на 112

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа на патот Дреново- Кавадарци откако автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот.

Автомобилот во кој се наоѓале таткото и синот излетал 22 метри од патот, а детето кое имало само осум години го пријавило случајот на 112 и побарало помош за себе и својот татко.

„Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот. Случајот го пријавил детето кое има само 8 години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.

Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите ,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише’’.

Се молиме за нив“, објави градоначалникот Митко Јанчев на својот официјален профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Катастрофа во Русија: Воз излезе од шините, изби голем пожар – густ црн чад над областа

Седумгодишно дете падна од петти кат на зграда во Нови Пазар

А1он

Инцидент во Скопје: Момче со нож си ја повреди девојката

Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово, почина 19-годишна девојка

Предраг Петровиќ

Двегодишно дете е повредено во рекреативен парк „Тоше Проески“ во Скопје

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники