Загина велосипедист во Куманово откако во него удрил автомобил, возачот побегнал

Од:

Вчера во СВР Куманово било пријавено дека во 14 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот С.М. од Куманово, удрило во велосипед управуван од 70-годишниот Ж.Ј. од село Режановце, кумановско, по што го напуштило местото, извести МВР.

– Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 06.00 часот на 25.01.2023 починал, соопштуваат од МВР.

По преземени мерки и активности, од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот С.М. и во службен разговор во полициска станица го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка