Загина тракторист по судир со возило пред влезот во село Калањево

Од:

Вчера попладне, во 16 часот било пријавено дека на локалниот пат пред влезот во село Калањево се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон имт 539“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 79-годишниот С.А. од село Криволак-неготинско и патничко моторно возило „сузуки“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот Д.Ѓ. од Неготино, извести МВР.

– Во несреќата на местото на настанот починал С.А., а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош, соопшти МВР.

Со телесни повреди се здобил возачот од патничкото моторно возило. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода