Загина маж во несреќа на локалниот пат помеѓу скопските села Копаница и Бојане

Од:

Вчера околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Ј.(41) од с.Копаница, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Во тешка сообраќајка загина мотоциклист

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино

58-годишен мотоциклист заврши на болничко лекување на скопските клиники

Двајца повредени во незгода на регионалниот пат Куманово-Свети Николе

Мотоциклист паднал на коловоз и завршил во болница

Загина мотоциклист во сообраќајка кај Кочани

Горан Наумовски