Актерот Васил Зафирчев преку својот фејсбук профил се прости од неговата колешка, Билјана Беличанец.
„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“, напиша актерот Васил Зафирчев.