(ВИДЕО) Заев: Зврлевски и Илиевски да ги тргнат канџите од чесните луѓе во обвинителство

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција, одговарајќи на новинарски прашања рече дека нема шанси да се прифатат и да завршат работа странски набљудувачи со обвинителот Марко Зврлевски.

„Марко Зврлевски и Јован Илиевски, обвинителот за организиран криминал, баџанак на Сашо Мијалков треба да ги тргнат канџите од чесните луѓе во обвинителството. Ова е сериозен процес, ова ќе е крај, важно е за граѓаните“, рече Заев.

Посочи дека неколку амбасадори веќе ги добиле папките со прислушуваните разговори.

Ќе биде, рече, обелоденет и случајот Монструм, колку и да не им се допаѓа на некои групи, како и сите криминали, тендери на власта.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски