Заев: Владата ќе биде покровител на прославата на 70-годишниот јубилеј на Сојузот и ќе помага за решавање на проблемите

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија, Васко Марков. На средбата присуствуваше и посебниот советник на премиерот од областа на здравството, д-р Венко Филипче.

Истакнувајќи дека голем дел од проблемите на глувите и наглуви лица му се познати, премиерот Заев потенцираше дека овие неправди мора да бидат исправени. Тој од сојузот побара листа на барања кои ги има Сојузот, а со чие исполнување во значителна мера ќе се олесни животот на лицата со оштетен или со изгубен слух.

Посочувајќи дека ги застапуваат правата на околу 6 500-тини глуви и наглуви лица во Македонија, претседателот на Сојузот, Марков побара измени на Законот за знаковен јазик од 2009-тата година, а подоцна и негово целосно имплементирање. Марков, во име на 18-те општински здруженија, побара лицата кои целосно го изгубиле слухот да имаат право на нови помагала, на товар на државата.

Во исто време, претседателот на Сојузот, Васко Марков ја искористи денешната средба и од премиерот побара владата да биде покровител на прославата на 70-годишниот јубилеј на Сојузот на глуви и наглуви лица, кој ќе се одбележи наесен следната година.

„Се радувам што денешната средба доаѓа во пресрет на 3-ти декември – меѓународниот ден на лицата со попреченост. Ќе сториме сѐ за да ги решиме вашите проблеми еден по еден. Пренесете им на сите лица со оштетен или со изгубен слух, кои се ваши членови, дека јас сум нивен пријател. И затоа со огромно задоволство ќе помогнеме од вашата прослава догодина дабидатзадоволни сите“ – истакна Премиерот Заев на средбата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма